ВЕСТИЗДРАВСТВО

Повеќе од 1000 деца до 18 години заболени од Ковид

По речиси еден месец отсуство од јавни настапи, министерот за здравство Венко Филипче се појави пред новинарите, но само он-лајн. Негира дека неговото отсуство била поврзана со политичката криза и вели дека се координирале со Комисијата за заразни болести. Но, ниту комисијата изминатиот период не одржа состанок иако земјата е втурната во нов бран на пандемија со 8 илјади активни случаи, кои постојано растат. Меѓу нив, заразени се 1068 деца до 18 години. Во Институтот „Козле“ се хоспитализирани 23 деца, од кои две се на терапија со кислород. Најмладиот пациент е 2 месечно бебе.

Филипче за време на прес-конференцијата даде два контрадикторни ставови: најпрво констираше дека епидемилошоката состојаб е стабилна,, а потоа рече дека последните две недели се зголемиле за 25 отсто на позитивните случаи.

Како резултат на тоа, инциденцата по глава на жител е зголемена за 28% во 35 градови. Во моментов на болничко лекување од корона вирусот се 518 пациенти. Ова зголемување од 15 отсто на примени на инфективните одделенија според здравствените власти не е доволно за да се препорачаат нови рестриктивни мерки. Првиот човек на здравство Филипче рече дека е подобро да се запре вирусот отколку да се лечи, апелирајќи на зголемена вакцинација. Но, не се соопштува како ќе се постигне посакуваната имунизација од две третини од населението за имунитет. Според податоците, вакцинацијата е во застој и досега 37% од населението е целосно имунизирано.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button