ВЕСТИЕКОНОМИЈАРЕГИОН

Повик за седумдневен бојкот на продавниците во Хрватска

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспектор“ која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од денеска да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци во период од седум дена.

Advertisements

Тие дополнително повикаа на општ бојкот на продавниците по примерот на оној што се случи минатата недела.

„Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ, како и да не купуваат газирани пијалоци, вода и детергенти во ниту една продавница од денеска наутро до среда навечер. Исто така, хрватските граѓани се повикуваат воопшто да не трошат в петок, а планирано е бојкотот да опфати платежни трансакции, угостителски услуги, сместување, превоз и достава“, се вели во повикот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button