Повредените во синоќешната сообраќајна несреќа се во стабилна состојба

Лицата кои учествуваа во синоќешната сообраќајка на автопатот кај Смилково се во стабилна состојба, информираат здравствените власти. Во незгодата каде што имало повеќе возила, лицето со иницијали К.С. од Арачиново, кое во моментот се наоѓа на Торакалната клиника, се здобило со потешки телесни повреди, а другите двајца возачи се здобиле со полесни телесни повреди. Директорот на Торакална со детали за состојбата на пациентот.
„Пациентот повреден во сообраќајна незгода, моментално е во општа стабилна состојба, со повреди на главата, градниот кош и горните екстремитети, примен е на одделение за торакална хирургија за следење и лекување. Моментално е надвор од животна опасност“, рече Игорче Џиковски, директор на Торакална.
Во несреќата учествувале пет возила. Од полицијата известуваат дека на местото на настанот била извршена експертиза на екипите на СВР Скопје.
Полицијата соопшти дека сé уште ја истражува причината за несреќата.
Ајнур Бафќари