Повредените во вчерашната тепачка во Чаир надвор од животна опасност

Повредените кој беа прободени со нож во Чаир се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.
Станува збор за 57-годишен маж и 14-годишно момче, кои се примени во болница со тешки телесни повреди. Од болницата информираа дека 14-годишното момче било оперирано во текот на ноќта.
Тие моментално се лекуваат на Клиниката за торакална хирургија во Скопје.
„И двајцата имаат сериозни телесни повреди, при што 14-годишниот пациент е примен во сала ноќеска, извршена е хируршка интервенција.Во моментов, пациентите се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност“, информираше Игорче Ѓиковски, директор на Клиниката за торакална хирургија.
Полицијата вели дека на синоќешниот инцидент му претходела претходна расправија.
„На раскрсницата на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во Скопјe, по претходна расправија, се случила физичка пресметка каде што биле употребени ножеви помеѓу 14-годишник од Скопјe и Р.С (57) и Ф.С (18), двајцата од Скопјe“, велат од полицијата.
Оттаму велат дека е спроведена истрага и дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ајнур Бафќари