ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно е пробиен рокот за да профункционира јавниот превоз во Тетово

Иако Општина Тетово вети дека градските автобуси ќе започнат со работа на 15 март, 15 април помина и истите не се помрднаа од место.

Ниту подготвителните работи како што се инсталирање на дополнителни приемни станици не се започнати на терен. Автобусите сè уште не се регистрирани, а вработувањето на шофери сè уште не е започнато. Според директорот на тетовската транспортна компанија, сè е во фаза на разговори.

Од друга страна, од Секторот за внатрешни работи велат дека ќе ги ослободат улиците од автомобили откако општината ќе го реши проблемот со приватните комбиња.

„Прашањето за хоризонтална и вертикална сигнализација по делницата каде што ќе се одвива јавниот превоз мора да се регулира однапред. Исто така, СВР Тетово бара општината да го регулира статусот на комбињата што вршат превоз од селата што го поврзуваат Тетово и со завршувањето на овие обврски, СВР има адекватен план за непречено одвивање на транспортот и чистење на паркинзите на автобусите“, рече Фатмир Реџепи- портпарол на СВР Тетово.

Превозното претпријатие во Тетово сè уште не го регулирало паркинг -просторот на автобусите, кои со месеци продолжуваат да се паркираат во дворот на против- пожарната единица во Тетово, додека сè уште нема лица назначени да работат во администрацијата на претпријатието.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button