ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар изгоре три куќи во скопска Гази Баба

Пожар изгоре три куќи во скопска Гази Баба, близу Тутунсус Џамија.

Жртви нема, но три семејства останааа без покрив над глава. Огнот најверојатно избувнал кај оџакот во една од куќите на кој бил поврзан шпорет на дрва. Жителите сведочат дека се ваделе и предмети за да се спасат од огнените јазици.

„Само кога стигнавме тука ми кажаа дека е запалена куќата на синот од вујко ми. Дојдов тука. Фатило од кај Македонецот таму позади и го виделе Македонецот како излегува со телевизор како бега“, рече еден Граѓанин

„Ги извадивме децата надвор и тоа е. Дојдоа пожарникари и тоа. Не, кај нас нема… Тоа е најважно, нема повредени. Пожарот беше многу голем. Многу брзо стигнаа пожарникарите“, Граѓанин

Пожарникарите огнот го гаснеа околу два часа.

„Во 15:30 часот е пријавено дека настанал пожар на кровна конструкција на три куќи на улица Ордан Чопела. Интервенирано е со пет противпожарни возила и 15 пожарникари. Опожарена е површина од 200 метри квадратни. Пожарот е брзо локализиран и за среќа нема повредени“, велаат од  Град Скопје. /Алсат.мк

Игор Стефановски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button