ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар во Автокоманда, изгоре напуштен објект каде порано имало оризара

Пожар во Автокоманда. Изгоре напуштен објект каде порано имало оризара, а спроти противпожарната бригада – Скопје. Шефот на скопската пожарна Владимир Симоновски изјави дека пожарот е локализиран за 15 минути. Се работи на негово догаснување. На терен интервенираат 20 пожарникари со шест противпожарни возила.
„Изгорена е кровна конструкција, ситуацијата беше малце отежната бидејќи не можевме да пристапиме од ниту една страна до објектот… Се работи за ѕидан објект, а кровната конструкција е падната. Повредени нема, имаше најава дека има бездомник којшто живее во близина на објектот. Направена е обиколка и проверка заедно со полицијата и не е утврдено такво нешто“, изјави Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита.
Допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button