ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарите го оштетија земјоделството во Полошкиот регион

Десетици пожари се евидентирани во полошките полиња во последните денови, главно поради чистење на полињата и согорување на отпад. Некои пожари излегоа од контрола, предизвикувајќи голема штета на посевите. Изгорени се илјадници хектари земја засадена со пченица. Еден од оштетените фармери е и Башким Вејсели, на кого пред неколку дена му изгореа близу осум илјади квадратни метри засадена пченица.

„Да, ова е 5.000 метри плус 3.000 другата, осум илјади, деведесет проценти се изгорени. Ако го пресметаат по декар од 500 килограми, во пет илјади метри 4000 килограми испаѓа, губиток од околу 40.000 денари. Пожарот започна од горе во шталата. Имаше полициски инспектор, пожарникари. Го пријавивме во општината и ни рекоа дека нема надомест од Министерството“, изјави Башким Вејсели, земјоделец.

Пожарникарите велат дека неодамнешните пожари често ги загрозуваат и станбените објекти.

„Последниве денови имавме десетици интервенции на ТППЕ Тетово. Клучниот фактор на пожарите е човечкиот фактор, секако земјоделците. Загубата е огромна. Би апелирал да бидат многу внимателни бидејќи чистењето на нивите не се прави со нивно горење туку со чистење и оставајќи го отпадот настрана, и во никој случај не со палење оган. Имавме пожари во природата, но од нивното разгорување загрозени се и станбените објекти“, рече Ука Алити, командант на ТППЕ Тетово.

Од тетовската полиција уште еднаш потсетуваат дека предизвикување пожари во природа со загрозување станбени згради е казниво кривично дело до 10 години затвор.

Оваа година, Противпожарната единица во Тетово интервенираше во повеќе од 470 пожари кои беа главно во природа, но имаше и пожари во станбени згради, кои често завршуваа фатално за станарите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button