ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарникари: Огноотпорни материјали да се користат во сите објекти

Пожарникари: Огноотпорни материјали да се користат во сите објекти

При изградбата на угостителските објекти, да се користат огноотпорни материјали, кои можат подолго време да издржат повисока топлина, за да се има повеќе реме, гостите да можат да го напуштат објектот во случај на пожар, апелираат од територијалнбата противпожарна единица во Охрид.Но наместо тоа,нивните искуства говорат дека, многу често, се користат лесно запаливи материјали, со цел да се избегнат поголеми трошоци. Пожарот во дискотеката во Кочани, отвара многу прашања.

Advertisements

„Угостителските објекти горат брзо затоа што пред се, се изградени од лесно запаливи материјали. Самиот факт што се користат такви материјали, значи дека се многу поефтини. Како што видовме импровизираат, со сунѓери прават изолација, навистина се небезбедни кои брзо горат. Кровните конструкции се проблем и доколку се зафати кровната конструкција, многу брзо ќе настане опожоравување на цел објект, многу тешко може да се спречи пожарот“, рече Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид.

Иако на секој голем настан треба да има противпожарна екипа, заради поголема безбедност на посетителите, Кузманоски вели дека само за 20% од настаните добиваат такви барања. Во секој објект велат дека мора да има и противпожарни апарати и лице кое знае да управува со нив, а онаму каде има хидрантска мрежа истата да биде во функција. Ги повикуваата надлежните да извршат детална контрола на сите објекти покрај Охридското Езеро.Доаѓа туристичката сезона, кога илјадици туристи ќе бидат присутни во Охрид.

„Треба надлежните служби да излезат на терен и да ги проверат сите тие објекти и да ги проверат сите околности, дали има влезови, дали има противпожарни апарати, дали има хидранти, дали се функционални, како посетителите би биле безбедни. Дури не се направи тоа сметам дека не би требало да работат објектите“, додаде Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид.

Од општина Струга, најавуваат инспекциски надзор на сите угостителски и туристички објекти во градот.

„Контролите ќе се одвиваат врз сите локали на територијата на општина Струга, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок согласно закон, како и прекршочен платен налог. Доколку се најдат неправилности, а инспекторот констатира дека е надвор од негова надлежност ќе се составуваат записници и истите да ги достават на понатамошна постапка до надлежен инспектор“, велат од Општина Струга.

Меѓу документите кои треба да ги поседува секој сопственик покрај одобрение за вршење дејност, се и одобрение и елаборат за поставување урбана опрема, имотен лист, елаборат за заштита на животната средина, елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место. И охриѓани преку социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот Кирил Пецаков, да почне со контрола на сите објекти веднаш./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button