ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарникарите се соочуваат со недоволен број вработени

Скопските пожарникари секојдневно се во борба со пожарите. И покрај недоволниот број вработени, сите телефонски повици на бројот 193 добија соодветен одговор. Според командирот Звонко Димовски, младите се заинтересирани за оваа професија, но проблем се бирократските процедури за вработување кадри.

Advertisements

Според Димовски, од почетокот на август досега се извршени 26 интервенции, од кои само вчера 10 за гаснење пожари на отворена средина. Најголемите потешкотии во овие интервенции, рече командирот Димовски, доаѓаат од застарената опрема, и од возниот парк.

Пожарникарите или инаку наречени „Херои на градот“ рекоа дека и покрај тешкотиите и недостигот на одредена опрема, никогаш не биле обесхрабрени од работа. Тие ги повикуваат граѓаните да бидат повнимателни никаде да не палат оган и никаде да не фрлаат остатоци од цигари.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button