МАКЕДОНИЈА

Пожарот кај с. Пресница кај Липково изгаснат со интервенција од хеликоптер

Хеликоптер за вонредни состојби се полни со вода од вештачкото езеро во Липково за да ги изгасне пожарите што ги зафатија планините во тој регион. Интервенцијата од воздух била неопходна за да се изгасне пожарот во Пресница, каде пред една недела изгореа неколку хектари планина.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека во регионот на Липково тој бил единствениот активен пожар во земјата. Денеска бил ставен под контрола. Во текот на неделава биле изгаснати над 20 пожари на разни други локации.

Од јавното претпријатие „Национални шуми“ велат дека штетите предизвикани од пожарите се големи. На годишно ниво се губи шумска дрвна маса од по неколку милиони евра.

ЈП „Национални шуми“:

Во 2017 година штетата е проценета на 31 милион евра;

Во 2018 година штетата е проценета на 1,1 милион евра;

Во 2019 година штетата е проценета на 13 милиони евра;

Во 2020 година штетата е проценета на 1,3 милиони евра;

Сушата ја злоупотребуваат многу пиромани. За конкретниот пожар кај Липково, СВР Куманово соопшти дека бил подметнат и се трага по сторителот.


Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button