ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарот на Јабланица под котрола, нема опасност за куќите

Пожарот што трет ден е активен на планината Јабланица, во близина на селото Вишни, е ставен под котрола, информира командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга Фети Мазари.

На терен, како што изјави за МИА, била една екипа со противпожарно возило и тројца пожарникари, како и две екипи на шумското претпријатие „Јабланица“.

– Теренот е непристапен има многу гранки и екипите неможат да стигнат, сега е само под котрола. Далеку е од селото и непостои опасност за зафаќање куќи, појасни Мазари, посочувајќи дека вчера побарале помош од ЦУК за воздушно пристапување и гасење на пожарот.

Меат Куртиши командир на смена во ТППЕ Струга, посочи дека пожарот најверојатно е почнат од полето, зафатил сува трева и борова и дабова шума.

Тоде Малески од Центарот за управување со кризи од Струга истакна дека чекаат најнови информации за состојбата на терен за натамошно делување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button