ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарот во општина Сарај никако да угасне! Пожари и во други делови на Македонија

Сè уште гори пожарот во општина Сарај. Во селата Буковиќ и Раовиќ гори мешана шума, иако вчера беа изгаснати сите жаритшта. Центарот за управување со кризи информираше дека вчера во шумата биле фрлени 17 тона вода, но никако да се изгаснат огнените стихии.

„А како поддршка се приклучи и црногорскиот хеликоптер којшто со 12 налети испушти голема количина на вода. Но, најверојатно се работи за спрецифично земјиште кое и покрај 17-те тона вода кои вчера беа фрлени врз овој пожар, не се успеа целосно да се изгаси“, рече Надица В’чкова, портпарол на ЦУК.

Уште гори меѓу селата Барово и Вешје во општина Демир Капија. Таму и натаму гори нискостеблеста мешана шума, иако вчера беше ставен под контрола. Од утринава на терен интервенираат пожарникари од Неготино, од шумското стопанство Демир Капија, како и група месно население.

И натаму гори во селото Горно Мелничани, во општина Центар Жупа. Од утрово таму се вклучени и два хелкоптера, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума. А во негово гаснење се вкулечни повеќе од 100 лица како пожарникари, полиајци и вработени во Национални Шуми и општината. ЦУК информираше дека повторно гори во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп. Гори кракот од село Ракле спрема село Крстец, а рано утрово на терен се испратени едно противпожарно возило и четири пожарникари и пет вработени од прилепското шумско стопанство. Пожарот е на тешко пристапен терен. Другите пожари низ земјава се ставени под контрола.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button