ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Познат бројот на новозаболени и починати од Ковид-19 во последниве 24 часа

Во текот на последните 24 часа, од 1.245 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19, од кои 93 во Скопје. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 396 пациенти. Во последниве 24 часа регистрирани се 22 смртни случаја.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 215.125 случаи, од кои 199.460 се излекувани, а 7.569 починале. Во нашата земја во моментов има 8 096 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button