ВЕСТИЗАБАВА

Познат психолог ја открива тајната: Еве зошто уште не сте ја запознале својата сродна душа

Доколку се прашувате зошто љубовта никако не тропнува на вашата врата, психолозите го кажуваат своето мислење…

Познатиот психолог Даниел Кахнеман, којшто е добитник и на Нобелова награда, на сите слободни дами им понуди одговор на вечното прашање – Зошто сè уште ја немам сродната личност?!

Сè што ви треба се пенкало и калкулатор, а потоа внимателно применете ја неговата метода со чијашто помош ќе дојдете и до посакуваниот одговор.

Започнете така што ќе замислите дека вашиот живот е сценарио за филм и дека еден ден ќе треба тоа “сценарио” да го раздвоите на повеќе делови.

На секоја епизода (будење, растегнување, возење до работното место, средба со пријателите, момчето) дадете и реден број и време од десет минути до два часа.

А потоа, за секоја епизода поставете ги следниве прашања:

  1. Колку сте биле способни да се фокусирате на другите (0-100%)?
  2. Колку енергија сте имале (0-100%)?
  3. Колку време во текот на овие епизоди сте го чувствувале заедничкиот проток на мисли и чувства (0-100%)?

РЕЗУЛТАТИ:

На крај соберете ги минутите колку што тој ден сте биле будни, а потоа секоја епизода претворете ја во минути и тој број помножете го со делот од времето со којшто сте го означиле одговорот. (на пример, 20% значи дека треба да помножите со 0.20).

Разликата помеѓу бројот на будноста и епизодите на љубов го претставуваат вашиот неискористен љубовен потенцијал.

Па, дали по ова пак ќе мислите дека е мудро да го трошите времето сурфајќи на интернет мрежата и гледајќи во екранот, наместо да отидете некаде и со некого на кафе?

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button