ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Познато името на агенцијата чиј автобус изгоре во Бугарија
Автобусот кој рано утринава направи сообраќајна несреќа во Бугарија, а во кој загинаа најмалку 46 лица, е на „Беса транс“ која организира туристички и шопинг тури за Истанбул.
Според првичните информации, во автобусот се превезувале млади лица кои се враќале од екскурзија од Турција.
Претходно, и премиерот Зоран Заев за МИА изјави дека се работи за страшна трагедија во која 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години.