МАКЕДОНИЈА

Пратеничката Дафина Стојановска го искина францускиот предлог, на барање на ВМРО ДПМНЕ Собранието на пауза

На барање на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на Собранието Талат Џафери објави пауза од еден час до отпочнување на дебата на седницата на која пратениците ќе ја разгледуваат владината Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

На самиот почеток на седницата, пред изгласувањето на дневниот ред, Дафина Стојановска, која ја во име на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја побара паузата, го искина, како што рече, лажниот документ.

„Сакам да ги поздравам овие денешни, современи македонски администратори и да им кажам дека со нив не ни треба ниту надворешен, ниту внатрешен окупатор, агресор, фашист, нацист или терорист. Можам само едно да ви порачам. Ниту еден документ кој што вие би го потпишале, изгласале, протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и печат, а тоа е дозволата на македонскиот народ. Затоа, обидувајте се денеска да покажувате колку сте демократи и транспарентни, дека сте со ЕУ вредности, но јас морам да ви порачам дека овој лажен документ, не е документ по кој ние денес ќе расправаме. Јас, тука пред Вас, ќе го искинам и се надевам и поскаувам дека овој звук на кинење на ова парче хартија, додека сте живи ќе ви ги пара ушите што ги имате и душите што ги немате. Поради тоа ќе побарам една пауза која што можеби ќе ве предомисли и ќе долучите, овој ништовен, понижувачки, подмолен документ да го вратите таму каде што му е местото, а тоа е во Владата, затоа што се работи за меѓувладина конференција, а не владата овде да ви го подметнува и вие како современи македонски администратори да давате изим на ваков криминал и на вакво предавство“, рече пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button