ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива бара процесирање на Законот за државјанство

Пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива бара процесирање на Законот за државјанство, во спротивно најавуваат дека ќе ја блокираат работата на Собранието. Пратениците на опозициската коалиција бараат од претседателот на Собранието, врз основа на Деловникот, да го свика состанокот на Комисијата за одбрана и безбедност и да се процесира предлогот, без оглед на епилогот што ќе го има. Преку предлог-законот за државјанство, албанската опозиција се обидува да ги олесни институционалните процедури за добивање државјанство и решавање на статусот на лица без државјанство.

Сега конечно уште еднаш побаравме законот да се најде на дневен ред и ако тоа не се случи, тогаш ќе го блокираме Собранието и ќе побараме иницирање на законот за државјанство затоа што не се осмелуваме да играме со судбината на Албанците кои чекаат решавање на нивните проблеми преку донесување на овој закон“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button