ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратеничкиот имунитет не дава заштита за вршење насилство

Пратениците кои ќе предизвикаат или ќе учествуваат во инцидент во Собранието подлежат и на кривична одговорност, велат за Алсат, професорите Светомир Шкариќ и Владо Камбовски. Коментирајќи го вчерашниот инцидент каде јасно се гледа на видео-снимките како претседателот на Комисијата Арбер Адеми фрла со предмети кон опозициските пратеници.

„Постои, затоа што тие имаат имунитет само кога е во прашање слободата на говор во Собранието, да можат да кажат сè што мисли. И имунитетот го штити од гласањето. Можат да гласаат за секој предлог без да сноси санкција. А, за насилство имунитетот не важи и подлегнува на Кривичниот законик. Кривичниот законик важи за насилство. Од насилство имунитетот не го штити“, рече проф. Шкариќ.

„Они немаат имунитет за физичка пресметка, за телесна повреда итн. Мислам дека тука, апсолутно нивниот имунитет е поврзан само со слободно изразување во Собранието, но не и за физички пресметки. А, дали и за кого треба да постои одговорност, јас не сум компетентен“, вели Камбовски.

Прашање: Сметате дека на вакви луѓе не им е место во Парламентот, кој треба да носи одлуки за граѓаните?

„Сигурно дека треба да се размислат луѓето кои влегуваат во еден таков дом…“, додава Камбовски.

Краток коментар за инцидентот имаше и претседателката на Уставниот суд.

„…Можам само да кажам дека ваквите сцени во Собранието не се баш убави за самиот углед на државата. Не навлегувам во тоа зошто тоа се случи, кој е виновен….“, рече Добрила Кацарска-претседателка на Уставен суд.

Според мислењето на правните експерти кои деновиве учествуваат на правна школа на МАНУ во Охрид, ваквите инциденти лошо влијаат и на актуелните надворешнополитички случувања околу преговорите на Македонија со Бугарија и блокираните евроинтеграции.

Според професорот Шкариќ, насилството во Комисијата покажува дека Собранието не смее да остане само со Етички кодекс кој го регулира однесувањето на пратениците, туку мора да се пропишуваат и казни.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button