ВЕСТИРЕГИОН

Пратеник од ИТН тврди дека Петков рачно им напишал „план“ за кревање на ветото

Пратеникот Станислав Балабанов од партијата Има таков народ која реши да излезе од бугарската влада, во емисијата „Лице в лице“ на БТВ покажа рачно напишан план за тргање на ветото и европската интеграција на Северна Македонија.

Балабанов тврди дека станува збор за ракопис на Кирил Петков и тврди дека премиерот го „нацртал“ за време на нивното заедничко патување со воз за Киев.

Коментирајќи го наводниот план на Петков, пратеникот вели дека е безобразно што прво се планира укинување на ветото, а потоа на ред доаѓа исполнувањето на обврските на Северна Македонија.

„Подготвен сум да седнам на детектор за лаги во врска со оваа белешка, а во Бугарија има и добри графолошки експерти кои можат да докажат дека овој ракопис е на премиерот“, вели Балабанов.

Пратеникот вели дена не може да молчи за ова, особено откако пред еден месец добил ќерка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button