ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратеници побараа Македонија да биде една изборна единица

Пратениците од Деморатски сојуз, Левица, ВМРО-НП, ЛДП и СДСМ до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Северна Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

-Се предвидува Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционален модел, да нема изборен праг, и пресметката на пратеници да се  одвива преку Донтовиот количник, рече Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица истакна дека неговата партија се приклучува кон оваа иницијатива за една изборна единица, и рече дека ќе ја поддржеле без разлика на предлагачот. Според нивните пресметки, Левица на минатите парламентарни избори била оштетена со тројца пратеници. Апасиев апелираше до сите пратеници да ги прифатат измените бидејќи тие придонесуваат за демократизација на општеството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button