ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Правни нејаснотии по одлуката да се реотвори „Тортура“

Правни нејаснотии околу одлуката, Кривичниот суд да го реотвори случајот „Тортура“ за бруталното и нечовечно апсење на Љубе Бошкоски. Дел од правниците кои ги контактиравме, рекоа дека постои теоретска можност судот да да го побара ова, кога постојат различни вештачења – на одбраната и обвинителството. Тогаш ако судот не може да разграничи, судот може да нарача супервештачење. Обвинителството има приложено две вештачења за психичката состојба на Бошкоски, додека адвокатите на обвинетиот Сашо Мијалков и шестмината припадници на „Алфите“ немаат доставено ваков доказ. Судот имал дилеми и неодговорени прашања – кој од обвинетите кои дејствија ги презел но и со колкав интезитет. Поранешниот обвинител Александар Наков пак посочи:

Видео доказот кој се презентира во судница е показател за преземените дејствија. Од снимките се гледа поединечно секое дејствие на секој поединец – изјави Александр Наков, поранешен обвинител.

Обвинителството беше затечено од одлуката на судот, оти очекуваа нова пресуда за Сашо Мијалков. Ќе го чекаат образложението на судот на писмено за да видат, која е точната формулација поради која, Кривичен реши да го реотвори судењето против поранешниот директор на тајната полиција. Закажани се нови рочишта – на 8 – ми и 14 – ти јули каде треба обвинителството најверојатно да даде појаснување на доказите и фактите. „Тортура“ почна да се суди во 2018 – та година. Но на сред процес, судењето почна одново оти еден поротник даде отказ. Обвинети се Сашо Мијалков и шест полицијаци – припадници на расформираната единица „Алфа“. Поранешниот директор на УБК, веќе е осуден на 20 години затвор. 12 години доби за нелегалното децениско прислушување додека за набавката на опрема за прислушување во тајната полиција, осум години. Во предметот за апсењето на Бошкоски, предвидена е затворска казна од три до осум години.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button