ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Православните христијани денекса го празнуваат Божиќ

Новинар: Игор Стефановски

Православните христијани во земјава денеска го прославуваат Рождеството Христово, Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваа божикни литургии и прчест. Централното одбележување се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје. Архепископот охридски и македонски г.г. Стефан испрати порака за мир и благослов, која во негово име ја пренесе отец Сашо.

„Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниедна привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци“, изјави отец Сашо.

„Најубав празник е овој за мене. Да сме живи здрави сите. Кој, што сака желбите да им се исполнат. Државата напред да тргне. И сите да сме здрави.“

„Еве денеска со внучето си дојдовме в црква, да си го навикнеме него на нашите обичаи и тоа е. господ за многу години да ве чува вас младите, од вас чекаме. И сите да сме живи и здрави до година уште повесели и порадосни да бидеме.“

„Кај кого се падна паричката?( – Кај мене) …– Жива здрава да сте. – Фала и вие. Ќе ми треба. И на фамилијата и на сите вас да сте живи здрави, вечни, да ви се исполнуваат сите желби.“
Државниот врв и политичките лидери им го честитаа Божиќ на православните христијани. Вернците раѓањето на Исус Христос го честуваат со мрсна трпеза, за разлика од вчера, односно на Бадник кога се служи посна храна./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button