ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Православните христијани го одбележуаат Бадник

Православните христијански верници во земјава денеска го празнуваат Бадник, ден пред големиот христијански празник Рождество Христово, Божиќ.  Бадник се одбележа  во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Поглаварот на македонската православна црква г.г. Стефан со порака:

„Па што било и што е потребно од секогаш и засекогаш од мирот. Од мирот на земјата, од мирот во секој човек, од мирот во семејството, од мирот меѓу државите и меѓу народите. И што повеќе би им доликувало на луѓето од тоа да живеат во мир и меѓусебе да покажуваат добра волја… Дали во себе носиме доволно љубов. Колку го љубиме бога и колку љубов имаме за луѓето околу нас.“

Во црквата се доделија бадникарски гранчиња, кои годинашните кумови и здравичарот традиционално порано пред две недели ги набраа на падините на Водно. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.

За Бадник семејството се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија. Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button