ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Православните христијани го празнуваат Богојавление

Православните христијани го празнуваат Богојавление

28 годишниот Мартин Гоџоски од Варош, кој 15 години скока по крстот, денеска по втор пат го фати крстот во водите на Охридското езеро, кој оваа година за прв пат го фрли Поглаварот на македонската православна црква г-дин Стефан. Околу 500 капачи денеска влегоа во Охридското Езеро во обид да стигнат до крстот.
„Ова ми е вторпат како го фаќам крстот и еве во 2025 пак ми се посреќи среката да го фатам. Ова е огромна чест за мене, мојата фамилија и мојата тајфа“, рече Мартин Гоџоски.

Неколку илјади граѓани од земјава и од странство го проследија овој насстан

„Во Охрид и онака е секогаш централната манифестација, меѓутоа оваа година по сите параметри беше централна манифестација и е најпосетена онака како што доликува на балканскиот Ерусалим.Му поскаувам здравје и среќа на фаќачот на крстот и догодина повторно да се видиме“, рече Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид.,

На фаќачот на крстот општина Охрид му подари икона и филигран.
Неколку интервенции на премрзнатост и исекотини имаа екипите на Црвениот крст. Во Охрид беше и дел од државниот врв предводен од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Во Скопје прв до крстот во реката Вардар доплива Теодор Јовески./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button