ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пред сезоната на зимница, пиперките со повисоки цени

Сезоната на подготовка на зимници започна, но граѓаните се жалат дека оваа година цените на зеленчукот и овошјето се најскапи од кога паметат. И пазарџиите признаваат дека цените се високи бидејќи нема производство, и најавуваат уште поскапи цени во следниот период. Цената на пиперките ајварки се движи од 35 до 50 денари, везените пиперки од 70 до 120 денари, доматите од 30 до 80 денари додека сливите и дињите од 20 до 50 денари за килограм.

„Цените моментално се високи, луѓето немаат пари да купат. Треба да бидат поевтини за 20 денари за да може да купат. И ние како продавачи немаме работа и тие немаат пари за купување. Цените ќе бидат уште повисоки, зошто нема пипер еден човек што имал 10 тона сега има два тона нема производство…“

„Моментално кризата со пандемијата не оди никако. Сезона е, луѓе нема, немаат пари криза, пандемија, болест се плашат тоа е. Додека помина пандемијата сезоната ќе помине, за нас трговците е многу лошо“, рекоа пазарџиите.

Дел од граѓаните велат дека зимница ќе направат сигурно но во помали количини споредено се претходните години, додека други оваа година нема да прават традиционална зимница.

„Ќе правиме сигурно, ајвар, кисела зелка, домати, корнишони, од село сум имам роднини од кај нив ќе земам пиперки…“

„Ајвар не, само везени пиперки со лук. Пензија не ни покачија ништо ама мора да се направи нешто за да се помине зимата. За нас што купуваме е скапо ама тие што произведуваат немаат многу сметка…“

„Ништо не правиме, се купуваме, нема сметка не е исплатливо да купуваш да правиш да се малтретираш спремно е се. Една тегла земи си, ќе си јадеш долго време“, рекоа дел од анкетираните купувачи.

И последните податоци на државниот завод за статистика потврдуваат дека најголем раст од 15,8 проценти имало на цените на зеленчукот.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button