ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Предлог буџетот утре пред пратениците

Предлог буџетот за 2021 година од утре е пред пратениците. Во следните десет дена пратениците на власта и опозицијата ќе расправаат на матичната комисија за финансирање и буџет. Доставени се вкупно 528 амандмани. Најголем дел од амандманите се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа 390, а останатите стотина се од Алијанса на Албанците и Алтернатива. По разгледувањето на амандманите, расправата ќе се пресели и на пленарна седница. Според власта со предложениот буџет за наредната година ќе се обезбеди економско заздравување од последиците од пандемијата со Ковид 19, додека за опозицијата буџетот на државата е скроен само за потребите на владеачките партии. Инаку, за догодина се планира да се потрошат нешто над четири милијарди евра, а да се собере приходи во висина од 3,4 милијарди евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button