Предлог-буџетот за 2025 година оди кај пратениците
Реална реализација на планираните 50 милијарди денари за капитални инвестиции превидени со Предлог-буџетот за 2025 година, вети министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Предлог-буџетот денеска ќе биде доставен до Собранието.
„Буџетот вклучува 50 милијарди денари, односно 830-840 милиони евра за капитални инвестиции. Коридорите 8 и 10 Д, каде министерот репреговара во насока на тоа да имаме реална реализација, се еден од приоритетите, исто така и општините, а приоритет се и проектите за финансирање на енергетска ефикасност, за олеснување на трговија и транспорт во Западен Балкан, за администрирање на социјалното осигурување, за модернизација на земјоделството, регионален проект за отпад, за подобрување на водната инфраструктура, реконструкција на казнено-поправни установи. Во делот на образованието, покрај обнова на студентските домови, во преговори сме за доизградба на училишта и спортски сали“, изјави Димитриеска-Кочоска по брифингот со медиумите.