МАКЕДОНИЈА

Предлог законот за новиот Клинички центар останува во собраниска процедура

Предлог-законот кој ќе овозможи изградба на нов клинички центар е заглавен во собранието. пратениците од владејачкото мнозинство велат дека изградбата на нов клинички центар е приоритет на владата и чекаат што поскоро да се усвои предлог законот. и од опозицијата велат дека земјата има потреба за нов клинички центар и дека треба да се подржи усвојувањето на законот. но, ниту од власта ниту од опозицијата немаат одговор зошто предлог-законот заглавил во собранието.

„Верувам дека во најбрз можен период ќе биде ставено и дека се надевам, јас немам комуникација со опозицијата, меѓутоа, искрено се надевам дека барем за ова нема да се прават опструкции во смисла на што побргу отпочнување на изградбата на новиот, современ, клинички центар. Немам импресија дека би требало да имаат против, меѓутоа, со оглед на тоа од кога е почнат овој собраниски состав се наоѓа замерка за сѐ….“, рече Ненад Коциќ, СДСМ.

„Мора да се најде решение коешто ќе биде прифатливо и коешто ќе овозможи подобар квалитет на здравствена услуга за сите граѓани на Република Македонија. Доколку лично мене ме прашувате, јас би поддржал такво решение затоа што здравствениот систем има неопходна потреба и од унапредување на квалитетот на здравствената услуга и од нов клинички центар“, рече Синиша Стојановски, ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button