ЕКОНОМИЈА

Предлог законот за поддршка на тутунарите ги скара пратениците на власта и опозицијата

Предлог законот за финансиска поддршка на тутунарите ги скара пратениците на власта и опозицијата. Законското решени најпрво го бранеше ресорниот министер Аријанит Хоџа. Новиот закон е предвиден да се носи по скратена постапка, а според него предвидени се пет милиони евра поддршка за тутунарите. Со Законот се уредуваат условите, корисниците, висината и постапката за доделување финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на тутун предизвикани од КОВИД 19.

„Ова е посебен пакет, надвор од директните субвенции и заедно со овој пакет и со директни субвенции кои се платени оваа година, ја надминуваат вредноста од 33 милиони евра, што е рекордна сума исплатена за тутунарите во нашата држава“, рече Аријанит Хоџа, Министер за земјоделство.

„Имајќи чисто злато, македонскиот тутун е помеѓу најдобрите брендови кои потекнуваат од ова подрачје, да го помагаме сега со една, за мене со само симболична сума“, рече Златко Пенков, ВМРО ДПМНЕ.

„Да не ја заборавиме ковид кризата, и не само што ја удри тутунската индустрија удри друга институција односно други стопански субјекти, како лозарството, винарството, итн. Оваа влада одделува пет милиони евра плус за тутунарите“, рече Диме Велковски, СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button