Предметот за партиските печати на Алијанса за Албанците се враќа на повторно судење
Апелацискиот суд во Гостивар го врати на повторно судење предметот за политичката партија Алијанса за Албанците, информира Арбен Таравари, посочувајќи оти Судот му ги прифатил жалбите кои тој ги поднесе откако Основниот суд Тетово во април годинава пресуди дека Зијадин Села ќе ги добие партиските печати.
„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесенс од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ“, соопшти Таравари.
Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелацискиот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател, велат од крилото на Таравари.