ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предупредување: Има премногу пестициди во земјоделските производи!

Предупредување: Има премногу пестициди во земјоделските производи!

Дали граѓаните во земјава се трујат или добро се хранат со земјоделските производи на пазарот? Нутриционистите се загрижени дека повеќето овошје и зеленчук се богати со пестициди. Јагодите се на врвот на листата на производи кои содржат најмногу пестициди, потоа следуваат јаболката, крушата, портокалот, лимонот, компирот, доматите, зелената салата, пиперките и спанаќот. Експертите велат дека на пазарот повеќе не можете да најдете 100% органски производи. Според нутриционист Ана Антовска, за влијанието на пестицидите да биде што помало потребно е детално миење на овошјето и зеленчукот.

Шеќерот и високиот притисок се најчестите болести поврзани со нездравото јадење. Но, зголеменото присуство на пестициди особено влијае на здравјето на децата.

Институциите немаат конкретни податоци за контролите и за казните за маркетите кои продаваат вакви производи.

„Доколку се утврдат неправилности, производителите се санкционираат, соодветно се предвидуваат казни и други мерки, вклучително и одземање на производите и нивно отстранување. При констатирање на големо присуство на пестициди, дозволено е отстранување на целокупното количество земјоделско производство од кое е земен примерок“, велат од Државен инспекторат за земјоделство.

Светската здравствена организација регистрирала 3 милиони труења предизвикани од консумирање производи со висока содржина на пестициди. 220.000 од нив завршиле со смрт./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button