ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прегазиле човек, го ограбиле, го фрлиле во слепа улица и починал

Откако Ахмед Кокица излегол од работа на пат кон дома бил згазен со автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле. Според членовите на семејството, тој работел во еден угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле. Еден од роднините за Алсат изјави дека лицата кои биле во возилото, наместо да го однесат во болница, сега веќе покојниот Ахмед го однеле во слепа улица и го фрлиле.

„Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го земале и го фрлиле во слепата улица.,“ изјави неговот роднина Шемун Амети.

Во потрага по траги, земени биле снимките од безбедносните камери од околината каде се случила несреќата и од куќите на патот каде што бил фрлен. Но, надлежните не даваат информации дали возилото е идентификувано. Јавното обвинителство отвори предистражна постапка и соопшти дека се во почетна фаза на случајот.

„Очевидци, снимки од безбедносните камери и сведочењето на лицето кое е сега веќе починато се фактите што ги прибраа истражните органи за лицата осомничени дека го прегазиле 70-годишникот и го фрлиле на улицата Роналд Реган во Чаир,“ известува Аднан Ќаили.

Од МВР велат дека случајот во полиција бил пријавен околу 2 часот по полноќ. По доаѓањето на местото на настанот го нашле Ахмет со тешки телесни повреди и речиси без знаци на живот. Го однеле во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Во разговор со медицинскиот персонал на Клиниката за токсикологија изјавил дека се здобил со повреди од удар на возило. Полициски службеници од единицата за сообраќајни незгоди при СВР Скопје извршиле разговор со медицинскиот персонал, по што бил известен Јавен обвинител кој дал упатства за понатамошно постапување. СВР Скопје работи на расчистување на случајот.“ истакна од МВР

Роднините ангажирале и адвокат бидејќи се сомневаат дека има обиди настанот да се забошоти. Тие бараат итно да се откријат виновниците.

„Има сомневања дека оние кои го прегазиле го фрлиле и му ги земале парите, чантата, телефонот и сакале да го сокријат случајот. Сега велат дека имал шише во џебот, сега не разбирам дали. Ем го удрило возило, ем шишето не се скршило, а сè друго земале. Немам друг коментар,“ изјави неговот роднина Шемун Амети.

Според извештајот од Судска медицина, обдукцијата покажала дека Ахмед Кокица имал траги од силни удари од страната на половината со скршени ребра и пршлени. Од здобиените повреди на виталните органи паднал во кома сè до 18 мај, кога починал во болницата.

 

Новинар: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button