ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Преговори за влада во Бугарија: Се сретнаа досегашните коалициски партнери, но не објавија што договориле

Во бугарската влада вчеравечер се одржаа неформален состанок на претставници на досегашните владини коалициски партнери „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“, БСП во обид да се најде формула за иден кабинет. По средбата немало изјави за медиумите.

Ова, како што јавуваат бугарските медиуми, се случува во позадина на консултациите со претседателот на државата Румен Радев и одбивањето на „Продолжуваме со промените“ и БСП да одговорат на поканата на шефот на државата.

Бугарските медиуми објавуваат дека синоќа во зградата на владата дошле шефот на кабинетот на премиерот во оставка Лена Бориславова и Андреј Ѓуров од „Продолжуваме со промената“, Атанас Зафиров од БСП и Владислав Панев од „Демократска Бугарија“.

Разговорите за формирање нова влада во рамките на овој парламент завршија без изјави, но медиумите тврдат дека сите се обединети околу ставот да нема предвремени избори.

Вчера и претседателот Радев ги заврши консултациите со партиите за доделување на мандатот за нова влада. Единствено со него не се сретнаа претставниците на „Продолжуваме со промените“ и БСП со образложение дека се ангажирани во Собранието каде се расправа за ребаланс на буџетот.

Радев не спомена точен датум но најави дека наскоро ќе го додели мандатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button