ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Преку нов закон за учебници МОН ќе ги решава недостигот на книги и грешките

Преку нов закон за учебници МОН ќе ги решава недостигот на книги и грешките

Со изготвувањето на новиот закон за учебници за основно и средно образование се очекува да се скратат долгите и бирократски процедури за издавање учебници. Неодамна, Министерството за образование беше жестоко критикувано поради бројните грешки во книгите. Министерот за образование Јетон Шаќири за Алсат откри дека се прават бројни анализи врз основа на законите од државите од регионот. Тој додаде дека со овој предлог-закон се предвидува сопственост или авторство на текстовите да добијат и издавачките куќи. Исто така, Шаќири рече дека за секој договор за книга меѓу Министерството и авторите, веднаш ќе се плаќа.

„Затоа што мислев на ова за да ги мотивирам авторите што е можно повеќе да излезат со овој елемент. Во изминатите години плаќањето се вршеше во рок од две-три-четири години, додека јас се одлучив за мотивациски стимул…“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.

Новиот закон предвидува измени и во делот на рецензентите. Тие нема да бидат само професори од педагошките факултети, туку сите факултети ќе може да предлагаат рецензенти.

„Мислам дека најадекватно решение би било министерството да не организира повик каде со законска процедура требаат 15 дена кои се губат за да се најде рецензент… Многу држави избраа преку база на податоци или со други зборови збирка на сите податоци од соодветните области, ќе се бараат од образовните институции, релевантните факултети, од областа на математиката, од областа на историјата, географијата кои ќе треба да достават рецензенти“, додаде минитерот.

Исто така, се предлага со новиот закон времено да бидат ослободени од настава и наставниците кои ќе се занимаваат со изработка на учебници. Министерството за образование и наука на 20 јануари соопшти дека во соработка со Педагошката служба започнале процес за изработка на нов закон за учебници за основно и средно образование. Според МОН, тоа се прави со цел да се подигне квалитетот на содржините и да се подобри процесот на купување и одобрување на учебници./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button