ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не може да прејудицира кое би било најдоброто законско решение во случај Уставниот суд да го укине албанскиот јазик

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не може да прејудицира кое би било најдоброто законско решение во случај Уставниот суд да го укине албанскиот јазик

Премиерот Христијан Мицкоски не кажува дали ќе седне на маса со коалициските партнери да подготви ново законско решение бидејќи актуелниот закон за јазици е оспорен во Уставниот суд. Мицкоски вели дека се во комуникација со коалицијата ВЛЕН, но не можат да прејудицираат ново решение.

Во меѓувреме, ДУИ за утре закажа средба на потесното раководство на партијата, со цел, како што рекоа, да се донесат одлуки за следните чекори и конкретни мерки за спречување на обидите на власта за дестабилизација на државата. Но, од друга страна, Мицкоски уверува дека на 11 декември ништо нема да се случи, ниту ќе има дестабилизација. Кога ќе видат дека ништо не се случува, ДУИ ќе каже дека тоа се случило поради наш притисок, вели Мицкоски.

Уставниот суд на дневен ред ќе ги има иницијативите за уставноста на законот за употреба на јазиците како прва точка на дневен ред на седницата на 11 декември. Целиот закон, дали во целина или во посебни делови, со сите негови членови, е цел на 13 иницијативи во кои се вклучени 46 субјекти известувачи. Единствено неспорно е ставот 1 кој вели: На целата територија на Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи официјален јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Уставниот судија Осман Кадриу во последното интервју за Алсат потврди дека тој и другиот судија Албанец Насер Ајдари нема да учествуваат на седницата за да не се донесе одлука./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button