ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот и министрите си направија примопредавање на функциите

Новата влада ја презеде функцијата. Целиот владин кабинет направи примопредавање на функциите. Прв, поранешниот премиер Зоран Заев му ја предаде функцијата на Димитар Ковачевски.

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче процедурално го прими новиот министер Беким Сали во кабинетот, а претходно преку видео обраќање зборуваше за неговата досегашна работа.

Поранешниот министер за правда, Бојан Маричиќ, откако му ја предаде должноста на Никола Тупанчевски, замина во Секретаријатот за европски прашања, каде ја доби новата функција од досегашниот вицепремиер Никола Димитров.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски ја презеде функцијата на терен, на средба со тутунопроизводителите. Во текот на својата прва активност како министер, Николовски рече дека секојдневно ќе биде со земјоделците.

Примопредавање имаа и другите министри, освен Фатмир Битиќи, кој е вицепремиер за економски прашања, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи и министрите од ДУИ, со исклучок на Јетон Шаќири кој ќе биде министер за образование. Владиниот кабинет ќе брои 21 место, од кои тројца вицепремиери, 17 министри, а меѓу нив и министер без ресор.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button