ВЕСТИРЕГИОН

Премиерот на Црна Гора: малцинска влада е измама

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ остро се спротивстави на најавата за формирање малцинска влада и проектот го нарече измама. Малцинска влада предложи вицепремиерот на Кривокапиќ и лидерот на Граѓанското движење Ура, Дритан Абазовиќ. Премиерот Кривокапиќ оцени дека ваквата влада треба да ја поддржат корумпираните политичари на претходната власт од Демократската партија на социјалистите, која сега е во опозиција.

„Има само две решенија за излез од турбулентната ситуација. Едната е промоција на актуелната власт. А, најфер начин се предвремени парламентарни избори кои би се одржале во мај заедно со локалните“, рече Кривокапиќ по повод најавата на вицепремиерот Абазовиќ за формирање нова, малцинска влада и гласањето недоверба на постојната.

Абазовиќ на 17 јануари објави предлог за излез од политичката криза, што значи дека идната малцинска влада ќе биде составена од дел од сегашната влада и опозициските партии, но не и најголемите парламентарни групи собрани околу владејачкиот Демократски фронт и опозициската Демократска партија на социјалистите. Истовремено, Абазовиќ рече дека сепак очекува поддршка во парламентот за таа идеја од Демократскиот фронт и Демократската партија на социјалистите.

Владата на Здравко Кривокапиќ беше избрана на 4 декември 2021 година со гласовите на просрпскиот Демократски фронт, Демократите и Граѓанското движење Ура. Демократскиот фронт уште од почетокот остро ја критикуваше Владата, но никогаш не го официјализираше барањето за нејзина смена. Во декември 2021 година, сите партии од владејачкото мнозинство го поддржаа буџетот на Владата за оваа година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button