ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев со ново ветување за вакцини

Три илјади руски вакцини Спутник пристигнуваат во земјата во недела, додека други три илјади дози преку механизмот Ковакс се очекува да пристигнат на крајот на март. Премиерот Заев најави дека март ќе биде месец за почеток на вакцинирање на населението. Има и зелено светло од Астра Зенека за нови залихи на вакцини.

Министерството за здравство вчера соопшти дека до крајот на овој месец се очекува да примат над 21 илјади вакцини Фајзер, додека до крајот на годината од оваа компанија, според договорот, треба да стигнат над 800 илјади дози. Во меѓувреме, бројот на нови случаи со Ковид се зголемува. Најновиот неделен извештај на ИЈЗ открваи дека за една недела бројот на нови случаи е зголемен за 56,4% и дека станува збор за нов бран на вирусот.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button