ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Преполно во Градскиот парк, Старата скопска чаршија и Водно

Градскиот парк, Старата скопска чаршија и средно Водно се едни од омилените места на скопјани за прошетки. Екипата на Алсат денеска беше во обиколка на овие туристичко рекреативни делови од главниот град. Во градскиот парк затекнавме најмногу посетители.

„Овој неделен пролетен ден со температури до 20-от степен беше доволна причина за дел од скопјани да дојдат во  Градскиот парк. Она што го забележавме е дека поголемиот дел од нив ги почитуваа мерките за превенција од Корона вирусот, но дел од граѓаните како да заборавиле дека се уште живееме во пандемија.“

Граѓаните пешачеа, џогираа, вовеа велосипеди, ги шетаа своите домашни миленици или пак опуштено си уживаа во кафето кое можеше да се набави од некоја од мобилните кафетерии. Граѓаните кои ги анкетиравме беа самокритични и сметаат дека како држава сме потфрлиле во справувањето со пандемијата.

„Ако сите од почетокот ги почитувавме мерките и правилата на однесување, немаше да дојде до ова, после година дена да биде истата ситуација, до душа и полошо. “

„Јас апсолутно ги почитувам мерките, тука ми е маската сега пијам кафе, затоа ми е тргната. На најдолно ниво сме во однос на неподготвеноста на државата да реагира на време околу вакцинирањето. “

„Па,  не ги почитуваме мерките искрено кажано како народ. Можеби требаше и порано да се воведе почитички час или слично. Малку построго, но и тоа е џабе кога луѓето не се придржуваа на мерките. “

Следна дестинација ни беше чаршијата. Мерката со затворени угостителски објекти си го стори своето. Некарактеристично за овој дел од градот во недела да има празни сокаци, но како навлегувавме во чаршијата така се зглемуваше и бројот на граѓани кои шетаа по калдрмата.

„Што најмногу ни недостасува, па што знам слободата. Се гледате ли со роднини? Телефонски. Никој не доаѓа, никаде не одиме. “

Ако порано во Скопје традицијата беше вторник и петок да се пазарни денови, тоа правило повеќе не важи. Сега пазарите се полни со граѓани секој ден.

„А сликата од најпосетуваниот зелен пазар во Скопје „Бит пазар“ денеска изгледа вака. Може да се костатира дека и тука половично се почитуваат мерките за безбедност и превенција од Корона Вирусот. “

Сериозна бројка на граѓани денеска затекнавме и на Водно. Паркингот на средно Водно беше речиси исполнет до последно место. Бидејќи жичницата не работи, оние граѓани кои се чувствуваат подготвени за подолго пешачење се упатуваа пеш кон врвот на планината, другите со велосипеди а останатите чистиот воздух го дишеа од оваа точка на белодробното крило на Скопје.

Ile Petrevski

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button