
Во пресрет на почетокот на второто полугодие, лекарите апелираат до учениците и родителите на поголема внимателност од грипот.Имајќи предвид дека грипот полесно се шири меѓу децата, лекарите препорачуваат учениците да се придржуваат до личната хигиена, да ги вакцинираат ризичните деца и почесто да ги проветруваат училниците во училиштата.
Во овој период лекарите препорачуваат и соодветна облека и да се внесува храна богата со витамини за заштита од вируси.
Лекарите велат дека во периоди на ниски температури се препорачува физичката активност на учениците да биде кратка./Алсат.мк
Линда Ебиби