ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

„Преродба“: Ќе предложи ​​укинување на „зеленото светло“ за Скопје за ЕУ

Пратеничката група во бугарското собрание, „Преродба“ ќе поднесе предлог за укинување на предлог-одлуката за почеток на преговорите со Европската унија на Северна Македонија, усвоена од бугарскиот парламент, поради вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон за нова компромисна одлука за рамката за преговори со Скопје, пренесува интернет страницата на бугарското национално радио (БНТ).

„Со оглед на ова, ќе инсистираме и бугарската страна, во лицето на премиерот и министерот за надворешни работи, да не го потпише протоколот, бидејќи сѐ уште имаме можност во 12-тиот час, да не го довршиме ова национално предавство, додека не се разјаснат апсолутно сите околности околу документот што го ревидирал само Макрон“, изјави лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button