ВЕСТИСВЕТ

Престрелки во Денвер – 4 жртви и неколкумина ранети

Вооружен напаѓач убил четири лица и ранил еден полицаец и уште двајца цивили во реонот на Денвер..

„Осомничениот почина по размена на оган со полицијата“, се вели во соопштението на полицијата. Престрелките во областа Денвер се случиле на различни локации и завршија со ликвидација на напаѓачот, потврдија локалните власти.

„Дивеењето започнало вчера околу 17 часот кога неидентификуван напаѓач застрела и уби две жени и рани еден маж во близина на центарот на Денвер. Осомничениот потоа побегнал со автомобил и уби маж во областа Чизман Парк во источниот дел на Денвер, пред повторно да почне да пука во населбата на западниот дел на градот каде никој не е погоден“, изјави началникот на полицијата Пол Пазен.

Осомничениот двапати пукал од своето возило кон полицајците кои го бркале. Тој успеал да стигне до соседниот град Лејквуд, каде го убил четвртото лице. Потоа побегнал пеш во хотел каде ранил службеник на хотелот, пукал и кон полицајците и ранил еден од нив пред полицијата да успее да го убие.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button