ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во ќелиите на кумановската група во Идризово

Полицијата утрово изврши рација во ќелиите на Кумановската група во затворот Идризово.

Сликите од рацијата на социјалните мрежи ги објави Фатмир Речица, познат по прекарот „Меч на кумановската група“, дознава Алсат.

Извори од полицијата велат дека упадот дошол како резултат на обвинување оти во ќелиите се чуваат огнено оружје и наркотици.

По извршените проверки кај двете организирани групи и во полуотворениот дел од затворот, полицијата пронашла само кујнски ножеви.

Информацијата за претресот ја потврдија и од управата на затворот Идризово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button