ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Ласкарци, пронајдено оружје, приведено едно лице (Foto)

Претрес во Ласкарци, пронајдено оружје, приведено едно лице (Foto)

Полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во скопското село Ласкарци го лишиле од слобода С.Б.(34) од тоа село, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како што се посочува, биле пронајдени и одземени една пушка- карабин и повеќе куршуми за него и една ловечка пушка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button