ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во скопско, пронајдени пушка и муниција, приведено едно лице

Претрес во скопско, пронајдени пушка и муниција, приведено едно лице

На 02.06.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единица за интервентна полиција го лишија од слобода З.Г.(58) во с.Орешани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.Имено, при претрес извршен со судска наредба во дом и помошни простории кај лицето, полициски службеници пронашле и одзеле една пушка и 15 парчиња муниција.Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button