МАКЕДОНИЈА
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
Полициски службеници од СВР Тетово, вчера околу 12 часот во Тетово, го лишиле од слобода Л.М.(34) од Тетово, затоа што при извршен претрес, по судска наредба, во неговиот дом и други простории била пронајдена и одземена марихуана и предмет со остатоци од кокаин.
Како што соопшти денеска МВР, тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.