ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени дилери

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени дилери

На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес.

Advertisements

При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“.

 За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button