ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателката на Унгарија: Одлучувањето за Груевски е во надлежност на нашето правосудство

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, вели дека за азилот кој експремиерот Никола Груевски го доби во нејзината држава одлучува правосудството.

Во краткиот одговор на новинарско прашање кое го доби за време на прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, таа вели дека се радува што односите помеѓу двете држави се развиваат и тоа не е поврзано и не влијае на криминални прашања.

„Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност за одлучување на нашето правосудство. Јас многу се радувам дека во рамки на оваа моја посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на државата се разбива успешно и имаме добри основи тоа и понатаму да се гради и развива и дека односите меѓу унгарските и македонските граѓани е на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања“, одговори Новак на прашањето дали лице кое е на црна листа на САД и се водат многу постапки против него за корупција и криминал може да добие азил од Унгарија и како.

Груевски избега во Унгарија во 2018 година кога требаше да се јави на издржување на затворска казна од две години во случајот „Тенк“ на СЈО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button