ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот го потпиша Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот на Законот за попис на населението. Од претседателскиот кабинет, потенцираат дека претседателот очекува пописот да се изврши без политизација, а резултатите да се во интерес на целокупниот развој.

„По консултации со правни експерти, претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот на Законот за попис. Претседателот Пендаровски очекува процесот на попис да не се исполитизира и дека добиените резултати ќе бидат во интерес на целокупниот развој, што ќе овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во земјата.

За ВМРО-ДПМНЕ, потпишувањето на указот само докажувало дека шефот на државата му е послушник на Заев. Според опозицијата, Пендаровски знаел дека станува збор за политичка операција, а не за статистичка. Во меѓувреме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за Инфомакс изјави дека ако владата тврди дека има силна база на податоци, тогаш да се спроведе попис на населението по електронски пат.

По усвојувањето на Законот за попис, Заводот за статистика го подготвува техничкиот аспект за извршување на оваа операција. Граѓаните што живеат во земјава и други граѓани со дозволи за престој во Северна Македонија, домаќинства и станови ќе бидат регистрирани од 1-ви до 21-ви април. Електронскиот попис за дијаспората започнува на 1 март.

Mefail Ismaili

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button